Специјалната полициска единица за прв одговор и интервенција „Алфа“, повторно ќе ја раководи врвниот професионалец Примислав Димовски.
Димовски веќе беше на чело на оваа единица во предходното министерување на Оливер Спасовски во преодната Влада.
Тој ќе го замени Ивица Антевски-Пуки, познат од “бомбите” како актер во апсењето на Љубе Бошковски пред ресторанот “Воденица”.
Димовски е неколкукратен првак на Македонија во бокс, а го освои и петто место на Светското првенство во бокс во супертешка категорија.
Полициската единица Алфи e задолжена за интервенции во урбани средини за спречување на тешки облици на криминал.