Кире Лазаров „стрелец“ во екипата на Бетмен Велит и Борис Дамовски

Кире Лазаров „стрелец“ во екипата на Бетмен Велит и Борис Дамовски.

Најуспешниот македонски ракометар во истекот на последните секунди од разрешницата на македонската политичка криза реши да се вклучи како стрелец во екипата на „Иницијативата за заедничка Македонија“ и да и’даде гол на противничката екипа од СДСМ, која со поддршка од албанските партии ги собра потребните потписи за нова влада.

Фејсбук статусот на најдобриот македонски ракометар, Кире Лазаров, предизвика бурни реакции. Едни го осудуваат бидејќи јавно ја поддржа „Иницијативата за заедничка Македонија“, а други за него велат дека е вистински патриот кој ја сака татковината.

Лазаров, отсекогаш важел за спортист кој знае гласно и со жар да ги сподели патриотските чувства, но никогаш досега не заземал страна на некоја партија. Се’ до вчера.

Тој на неговиот профил напиша:

„Искрено,загрижен сум со случувањата последно време во нашата Македонија. Чуствувам потреба како Македонец да го споделам своето мислење пред целата македонска јавност.Ги почитувам сите граѓани подеднакво во Република Македонија без разлика на нивната верска,национална и партиска припадност.Драги Македонци,за да бараме почит од други и да ја добиеме прво треба сами себе да се почитуваме-За МАКЕДОНИЈА се работи!!!Да го зачуваме нашиот идентитет и интегритет,да зачуваме нешто што сме наследиле и е наша обврска и должност да го пренесеме на нашите идни поколенија,да го зачуваме она што е наше и што ни припаѓа…Подршка за Граѓанската иницијатива за Заедничка Македонија. ПС:напишано од срце со чиста мисла и слободен ум. МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА“.

Многумина негови фанови се разочарани од ваквиот став на Лазаров, кого го прашуваат каде бил досега да се јави за сите неправди, убиства, криминал и го советуваат да се бори на теренот, а политиката да им ја остави на политичарите.

„Немој вака жити се… луѓе се крстат во тебе кога ќе истрчаш на терен со националниот дрес, и треба да го браниш и понатаму затоа што тоа најдобро го правиш, можеби и најдобро во ракометниот свет. Но остани си на твоите боишта и биј ги твојте битки, немој битките на политичарите. Нека ти текне на Врба. Поздрав од твој голем ракометен фан“, му напиша еден граѓанин.

Друг пак е револтиран од зборовите на Лазаров.

„Десет години молчеше, на смисленото уништување на сите столбови на државата, на уништување на идентитетот, на потполна ерозија на сегашноста и иднината…. и сега на крикот на диктаторот за спас кој би му го донел “народот”, искрено и со чиста мисла, се одлучил за подршка на здружението Заедничка Македонија, која вика – смрт на шиптарите! Добро е тоа, што на многумина барем, им го видовме умот!“, пишува во кометарот.

Многумина се разочарани од Лазаров, од кој очекувале спортот да го чува настрана од политиката.

„Штета Кире, те сметав за вистински професионалец. Па ти си Македонскиот Новак Ѓоковиќ, кога тој напишал политичка порака? Жално..“, му напишал еден негов фан.

Статусот на „Фејсбук“ на Лазаров, го пренесоа сите провладини медиуми, а некои дури објавија дека потоа во родниот град на Лазаров, Свети Николе, граѓаните порачале: Македонија на Македонците.

„Македонија вечна, максторе“, „Лаву македонски“, „Респект“, „Со срце на терен за Македонија, со срце и сега за Македонија. Браво голем човеку“, се само дел од коментарите за поддршка на ставот на Лазаров.

Кире Лазаров е првиот спортист кој јавно ја поддржа „Иницијативата за заедничка Македонија“. Освен неговиот коментар, тој не им одговори на неговите следбеници на „Фејсбук“ и покрај стотиците прашања „кој бил мотивот овој успешен ракометар од спортски, да ја пренесе својата битка на политички терен“.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e