Кирацовски: Градиме по план, инфраструктура за сите

Прес конференција,
Александар Кирацовски, Генерален секретар на СДСМ
Куманово, 26.09.2017

 

Почитувани претставници на медиумите,

Денес сме во посета на општина Куманово, на средби со граѓаните и во поддршка на нашиот кандидат за градоначалник, господинот Максим Димитриевски, како и во поддршка на советничката листа предводена од госпоѓата Атина Мургашанска.

Во општина Куманово настапуваме со нови сили и ќе ги продолжиме сите оние проекти од кои што граѓаните се задоволни, а ќе понудиме и многу новини кои што се евидентна потреба на граѓаните на општина Куманово. Ќе градиме само по план, домаќински, чесно, одговорно и квалитетно.

Ќе овозможиме соодветна инфраструктура, водовод и канализација за сите населени места. Ќе ги изедначиме во овој поглед и руралните и градските средини. Ќе овозможиме чист воздух за дишење и чиста вода за пиење за сите населени места, затоа што здравјето на граѓаните за нас е најважно. Ќе овозможиме соодветни и еднакви услови за инвестирање и за бизнис можности во сите локални самоуправи, вклучително и тука, во Куманово и ќе ги изедначиме домашните со странските инвеститори.

Општината ќе продолжи да биде соодветен сервис на граѓаните, да биде отворена за сите наши сограѓани, а ќе се работи чесно и домаќински.

Почитувани граѓани на општина Куманово,

Ве повикувам масовно да го поддржите господинот Максим Димитриевски, масовно да ја поддржите советничката листа на СДСМ, затоа што оваа општина заслужува да биде уште поуспешна, а вие да бидете среќни и задоволни.

Ви благодарам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e