Најавената трибина на кандидатот за претседател Стево Пендаровски наместо на плоштадот во Крива Паланка, поради временските услови се оддржа во Центарот за култура. Со самото тоа голем број на кривопаланчани беа спречени да ја следат трибината внатре во салата бидејки капацитетот е ограничен. По тој повод, преку Фејсбук се обрати и шефот на Изборниот штаб на Пендаровски, Александар Кирацовски кој вети дека во Крива Паланка ќе има уште еден голем митинг.
-Поради временските услови, отворената трибина со кандидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски, наместо на градскиот плоштад во Крива Паланка се одржа во Центарот за култура. Граѓаните на Крива Паланка покажаа голем интерес да присуствуваат на отворената трибина, но само еден дел од нив успеаја да присуствуваат во Центарот за култура. Ви се заблагодаруваме за покажаниот интерес и ви ветуваме дека Стево Пендаровски, нашиот иден претседател, заедно со премиерот Зоран Заев, ќе одржат голем, огромен митинг за сите граѓани на Крива Паланка уште на почетокот на вториот круг, напиша Кирацовски.