Кицев: Снимањето на спот за македонските полициски сили во услови на Ковид-19 е надвор од здрав разум

Во име на Македонскиот полициски синдикат, Претседателот на МПС, Д-р Марјан Кицев во јавувањето во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ на сите припадници на Министерството за Внатрешни работи во Република Северна Македонија им го честита 7-ми Мај, денот на македонската полиција.

Говорејќи за пандемијата од КОВИД-19 Кицев вели дека МВР на почетокот не било медицински опремено за справување со вирусот.

-Повикавме на општествена одговоронсот, и се јавија фирми кои набавија маски, ракавици и заштитен материјал и сега мислам дека е се како што треба. Се соочуваме со недоволен број на вработени за справување со Коронавирус, и со уредба баравме приправничкиот стаж од 6 месеци да се намали на 5 месеци. Благодарение на премиерот Спасовски ова се прифати, изјави Кицев.

Но, пандемијата предизвика нов проблем, за кој премиерот Спасовски повторно излезе во пресрет.

-Со самото донесување наидовме на друг проблем со полагањето на приправничкиот стаж. Поради Коронавирусот не можеше да се полага. Побаравме тие 560 приправници да не полагаат и повторно благодарејќи на Спасовски успеавме тоа да го издејствуваме, изјави Кицев.

Корона кризата не го спречи Чулев да ангажира полицајци за снимање на спот.

-За нас е несфатливо снимањето на тој спот за македонските полициски сили и е надвор од здрав разум, додаде Кицев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e