Кекеновски: ФРОДЕМ е отворен за сите што сакаат да го напуштат Груевски, освен оние замешани во криминал

ФРОДЕМ е отворен за сите кои планираат да се покренат од  ВМРО – ДПМНЕ и кои ги поддржуваат принципите и вредностите што ги прокламира нашето движење , изјави за „Фокус“ професорот Јове Кекеновски, по информациите дека тројца пратеници од ВМРО – ДПМНЕ поради незадоволство од партиското раководство деновиве ќе  обелоденат дека го напуштаат Груевски и дека ќе преминат во партии и политички движења од десниот блок.

„ ФРОДЕМ е со отворена врата за оние кои ги почитуваат и кои се придржуваат до нашите принципи, со исклучок на тие што се замешани во криминални дејанија. ФРОДЕМ нема да биде гума за спасување“, потенцира Кекеновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e