Казни за маркетите кои ги злоупотребиле маржите и ги тргнале производите од полиците

Во изминатите денови граѓаните пријавуваа дека основните производи ги нема на полиците во маркетите, а на социјалните медиуми имаше и информација од познат маркет дека нема масло за јадење на рафтовите, но со сметка над 800 денари граѓаните ќе добијат масло гратис.

За ова, министерот за економија Крешник Бектеши денеска во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 рече дека тоа е злоупотреба на ситуацијата.

„Денеска бев информиран од страна на Секторот во Министерството за економија дека има вакви поплаки за одреден супермаркет и секако дека веднаш ја информиравме ДПИ, кој согласно моите информации денеска веќе постапиле. Секако дека ако се повтори тој прекршок, ќе следи дополнителна мерка“, вели Бектеши.

Тој ги повика граѓаните да пријават на бројот 191 секакви нерегуларности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e