Kазна од 1.500 до 2.000 евра за непочитување на забраната за движење во шуми

Владата донесе одлука за продолжување на кризната состојба во рок од 30 дена.

„Со ова продолжување се обезбедува навремена помош за сите засегнати подрачја, односно сите ресурси вклучително и човечки, технички, логистички остануваат мобилизирани, сè со цел да се справат со пожарите и заштита на населението од огнените стихии.

Имено, поради висок ризик од шумски пожари во државата, апелираме до граѓаните да бидат внимателни и да ја почитуваат целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште (донесена од 01.07.2025 година и ќе трае до 31.08.2025 година), во спротивно сите оние кои не се придржуваат кон оваа одлука, која е донесена за спречување на пожари, ќе бидат казнети со парична казна од 1.500 до 2.000 евра.

Продолжуваме да носиме одлуки во интерес на граѓаните и да работиме посветено и одговорно“, стои во соопштението од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e