Катругалос: Владата ги ослабна аргументите во корист на Северна Македонија

Поранешниот шеф на грчката дипломатија, а сега надлежен за надворешна политика во опозициската СИРИЗА, Јоргос Катругалос смета дека грчката влада прифаќајки ги заеднички кандидатурите на Северна Македонија и Албанија дека треба заедно да одат напред, ги ослабна позициите во корист на Скопје.

Катругалос упати критики до актуелната грчка влада за неактивност и пасивност во надворешната политика особено по Советот за општи работи одржан завчера.

„Политиката на неактивност на владата за критични прашања од надворешната политика, за жал продолжи и на Советот за општи работи на 15.10.2019 година, кој не стигна до одлука за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Пасивно следејќи ги настаните, владата не го искористи вредниот дипломатски капитал што земјата го доби од Договорот од Преспа за динамично да бара признавање на нејзината водечка улога во регионот. Паралелно, прифаќајќи дека кандидатурите на Северна Македонија и Албанија треба заедно да одат напред, ги ослаби јасните аргументи во корист на првата земја“,, потенцира Катругалос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e