Катица Јанева вечерва гостин во „360 Степени“

Вечерва (3.10.2016 г.) од 22:30 часот во „360 Степени“ на ТВ Алсат-М гостува специјалната обвинителка Катица Јанева.

Има ли Јанева докази дека едно лице гласало на повеќе места на избори, каде е пронајден софтверот за следење „ФинФишер“, кои се лукративните мотиви поради кои е нарачано насилството пред општина Центар, ја прифаќа ли верзијата на редовното обвинителство за смртта на Коста Крпач, стои ли зад обвинението во „Пуч“, ќе дознаеме ли во транспарентен судски процес кој и како навистина прислушувал, зошто не ги отвора случаите „Монструм“, „Сопот“, „Нешковски“ – се некои од прашањата што ги отвораме. Разговараме и за оценките за пристраност и нестручност во работењето на СЈО.

Со „360 Степени“ се враќа и рубриката „Саботажа“.
Гледајте „360 Степени“ секој понеделник и петок од 22:30 часот на ТВ Алсат-М.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e