Еропратеникот Ричард Ховит кој се наоѓа во посета на Македонија, денеска оствари средба со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
“Се сретнав со специјалната обвинителка и бев во силно обезбедената просторија каде што материјалите од прислушувањето безбедно се чуваат,” напиша на Твитер профилот Ховит и објави фотографија со Јанева.
Ховит на прес конференцијата денеска нагласи дека е добар предлогот за специјално судско одделение и уште еднаш јавно ја изрази поддршката од ЕУ за работата на СЈО.
За поврзани вести продолжете надолу