КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОЛИТИКИ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО Водат кон пропаст на овој сектор, реагираат од НЗМ

Денеска од  Националната земјоделска мрежа реагираа за како што тврдат кратењето на субвенциите на земјоделците.
Во целост го пренесуваме нивниот став:
КРАТЕЊЕ НА СУБВЕНЦИИТЕ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ
Почитувни земјоделци !!!
Сведоци сме на крајно игнорантскиот и не одговорен однос од страна на надлежните кон еден од клучните сектори во државата
Со вчерашната одлука на Владата со која се кратат и онака скромните средства за поддршка и развој на земјоделието со вкупен буџет од претходните 140 милиона евра на 100 милиона евра како поддршка на македонскиот аграр кој е клучен сектор за производство на здрава храна а истовремено се обезбедува економска одржливост на голем број на семејства се нанесува катастрофален удар врз опстанокот на овој сектор
Во услови кога од извозна држава на земјоделски производи се доведовме во увозно зависна држава од преку 90% со поразителни бројки од преку ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРА средства потрошени за увоз на храна и основни продукти за исхрана на населението вакви погрешни политики погубно ке се одразат врз земјоделието но и стандардот на сите граѓани
Националната земјоделска мрежа упатува јавен револт кон надлежните и несогласување и неприфкање на вакви катастрофални политики кои повеке од сигурно не водат во сигурна пропаст како сектор земјоделие и земјоделци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e