Караџоски: Доколку продолжи овој тренд на новозаразени, не ни преостанува ништо друго освен полициски час

Засега карантин и полициски час не е потребно, но доколку продолжи овој тренд, не ни преостанува ништо друго освен полициски час, изјави на денешната прес-конференција претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџоски.

„Одредени настани се главниот промотор на поголемиот број на случаи. Концерти, забави, семејни прослави. Никој не носеше маска. Очигледно тоа не се почитуваше. Ќе речам дека овој есенски бран малку подрани. Ако продолжи да не се почитуваат мерките, не ни останува ништо освен полициски час. Сами ако не си помогнеме, нема никој. Ако не ги почитуваме мерките, тоа ќе не одведе до огромен број на заболени“, истакна Караџоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e