Веќе имаме научено дека ВМРО-ДПМНЕ е таа која што се задскриваше и нивното лицемерие не се покажува само сега туку и со многу други законски решенија, во однос на ова предложено законско решение за 1 ИЕ ж, јас само ќе кажам дека ова е наша програмска определба уште од 2016 година во нашата програма и истото е преточено и во програмата од 2020 година и веќе ние имавме еден обид за отворање на дискусија за една изборна единица, но тогаш ВМРО-ДПМНЕ го блокираше и добро е што сега се премислија и што имаме консензус како најголеми политички партии заедно со помалите политички партии да ова прашање се отвори како што личи а тоа е во Собранието. Времето ќе покаже дали е некој лицемерен и ако е да видиме кој е тој што е лицемерен, рече денеска Снежана Калеска -Ванчева, пратеничка на СДСМ, во одговор на новинарско прашање.