„Секогаш се чувствувам лошо кога се случува насилство. Се чувствував и лошо кога се случуваше насилството на 27 април. Тогаш имаше повредени, а беше демолирано и Собранието. Насилството од било кој облик е неприфатливо“, вели Снежана Калеска-Валчева вечерва на „Само Вистина“ на Канал 5 за тоа што се случуваше во Македонскиот народен театар при присуството на навивачката група „Шверцери“.
Според неа, треба да се осуди тој што го организирал тоа што се случило во театарот.
– Мора да се знаат сите факти и кој е одговорен за настанот што се случи во Македонскиот народен театар, вели таа.
Вооднос на СЈО, таа вели дека еднаш засекогаш мора да научиме да утврдуваме индивидуална одговорност, затоа што само така можеме да постигнеме успех.
„Не може секогаш институцијата да биде одговорна. Институцијата ја сочинуаат луѓето и таму има луѓе кои извршуваат различни работи, согласно закон и согласно својата систематизација и надлежностите кои ги имаат, додава таа.
Според неа, доколку некој во соето работење, прекршил закон или подзаконски акт значи дека мора да има одговорност.