Следува период на сончево, стабилно време и дневните температури брзо ќе се покачат. Утре и во петок утринската температура наместа ќе биде околу нулата. Зголемување на облачноста ќе има во недела, а од понеделник ќе има нови врнежи од дожд кои ќе бидат повремено пообилни.