Какво време не очекува во последната работна недела од мај?

Неделава ќе се задржат повисоките дневни температури на воздухот.

За првиот ден од работната недела според синоптичарите не очекува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен, а во источните делови од земјава со засилен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во западните делови од државата.

Утринските температури ќе се движат во интервал од 8 до 16 степени. Дневните температури ќе достигнат максимални 29 степени целзиусови.

Во Скопје се очекува слично време, сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми, со појава на дожд и грмежи. Во главниот град, за денес се очекуват максимални 26 степени.

Според управата за хидрометеорлошки работи и утре, вторник ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од југоисточен и јужен правец. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Преодно стабилизирање ќе има во среда, а од четврток попладне под влијание на влажен бран нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде на повеќе места.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e