Времето утре ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните делови.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој попладне долж Повардарието ќе засилува, соопшти УХМР.
„Во следните два дена ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Од среда дневната температура ќе биде во пораст, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер“, стои во соопштението на УХМР.
