Времето утре ќе биде променливо облачно и студено, претпладне претежно во јужните делови со локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Потоа следува период на променливо облачно време со умерен до засилен северен ветер, а температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината.