Утре, петок, под влијание на циклонска активност, насекаде ќе има врнежи од дожд. Според УХМР, врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови на земјата, каде локално се очекува да наврнат над 40 литри на квадратен метар за 24 часа.
Во сабота ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне постепено ќе престануваат.
Од недела ќе настапи стабилизирање на времето, придружено со пониски утрински температури. Дневните температури, пак, ќе бидат во пораст.
Во Скопје, утре се очекуваат врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни. Во сабота врнежите ќе бидат со послаб интензитет и ќе престанат во попладневните часови.
