Актуелниот пратеник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и ексдиректор на ЈСП Игор Јанушев, како и долгогодишен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев за 5 години успеал да се стекне со 4 стана и 1 куќа кои вредат над 350.000 евра, покажува неговиот анкетен лист за имотната сосотојба.
Јавноста со бурни реакции за „скромниот“ имот на Јанушев.
„Лексуз, 4 стана од кој еден во Охрид, куќа… – што се успеал Јанушев да „зграби“ додека бил на власт за време на режимот“, коментира еден граѓанин.
„Всушност Јанушев бил ептен домаќин човек така што само со плата (други придонеси не пријавил), за 5 години се стекнал со имот вреден над 350.000 евра“, реагира јавноста на социјалните мрежи.
Забелешките на јавноста одат до ироничното прашање „Како успеа Јанушев? Ќе ни го откриеш ли твојот „домаќински” рецепт за стекнување на вака богат имот?“.
Денеска Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против Јанушев и уште неколку други лица за набавката на кинеските автобуси. Имено Јанушев, Миле Јанакиески и уште две лица, со оваа набавка, злоупотребувајќи ја службената положба и овластувања, ја оштетиле државата со 4.772.920 евра. Набавката на автобусите беше реализирата во 2008,2009 и 2010 година, за време на владеењето на екс-премиерот,кој сега е во бегство, Никола Груевски, чиј лојален соработник е „домаќинот“ и „голем патриот“ Јанушев.
Од приложеното може лесно да се констатира дека Игор Јанушев заедно со сопругата поседуваат 5 недвижни објекти, куќи и станови, и две луксузни возила.
Имотниот лист на следниов ЛИНК.

