На 06.01.2020 во 22.40 часот на ул.„Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје од слобода го лишиле К.Т.(19) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена марихуана.
Тој бил приведен во Полициската станица Центар и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.