Во Трубарево денеска продолжува дводневниот лекарски скрининг на населението, што го спрроведува Министерството за здравство во соработка со Клиниката за пулмологија.
Според првичните податоци од терен, на двата пункта, вчера во првиот ден се прегледани вкупно 111 лица – 56 лица на Пункт 1 и 55 лица на Пункт 2. Пациентите се генерално во добра здравствена состојба, но кај 11 лица е утврдено присуство на иритации и надразнување во грлото, поради што тие се упатени на дополнителни испитувања во Клиниката за пулмологија, соопшти Министерството за здравство.
Скринингот опфаќа клинички преглед, мерење на пулс, сатурација и проценка на витален капацитет, со цел да се утврди здравствената состојба на локалното населениот по големиот пожар во Трубарево на 13 септември.
Прочитајте повеќе:
Oсмани нуди светско решение за паркинзи во Чаир по план на архитектот Мишел Ројкинд
Општина Центар се пофали дека го исчисти целиот смет од улиците
Меѓаши: На децата кои растат во сиромаштија им се прекршени основните детски права, системот затајува во координација и превенција
Министерот за здравство Азир Алиу синоча во телевизиско гостување, кажа дека граѓаните кои се пратени на дополнителни пулмолошки испитувања се повозрасни.
Алиу апелира сите граѓани кои имаат кашлица, главоболки или отежнато дишење да се пријават за скрининг.
– Целта е да ги опфатиме сите граѓани кои мислат дека треба да поминат скриниг или ако чувствуваат некакви симптоми како кашлица, главоболки, отежнато дишење. Тие граѓани би ги замолил да се пријават уште вечерва за скрининг. Добро е порано да се детектираат здравствените проблеми, за да ги третираме, истакна Алиу.