Кафеаните, кафичите и сите останати угостителски објекти да работат до 21 часот. Оваа мерка Комисијата за зразни болести планира да ја предложи до Владата, а во насока за заштита од Ковид-19.
-Ќе предложиме угостителските објекти да работат до 21 часот, одговори министерот Венко Филипче за Фокус, на прашањето дали е точно дека Владата размислува за носење на ваква мерка.
Предлогот веќе утре треба да се најде на владина седница, каде се очекува да биде усвоен.
