Денеска, во Агенцијата за млади и спорт се одржа средба на директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и шефот на одделот за човекова димензија при Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Гонзало де Чезаре.
Тема на средбата беше размена на информации за досегашната соработка меѓу двете институции за проекти кои се однесуваат на младата популација како движечка сила и промотор нa новите вредности во општеството и државата.
На состанокот се разменија идеи и насоки за натамошната соработка помеѓу овие две институции во насока на младинското учество, социјална инклузија, спречување на говор на омраза и недискриминација кои треба да придонесат во социјалната, културната и образовната интеграција на младите во мултиетничкото општество во Македонија.
Исто така, од страна на Директорот Каевски беше посочено и донесувањето на Законот за млади како главен приоритет на АМС, кој процес ќе се одвива чекор по чекор со отварање на широка дискусија со вклучување на сите релевантни и заинтересирани страни во процесот, со што од страна на Мисијата на Обсе беше понудена поддршка во целокупниот процес.