Каевски на средба со претставници од Амбасадата на Руската Федерација

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски оствари средба со заменик амбасадорот на Русија во Македонија, Константин Берсенев и со Михаил Лушин, аташе во Амбасадата на Русија во Македонија, одговорен за млади, спорт и наука.

Ова е втора средба, во која беше презентирана идејата за формирање на работна група чија цел ќе биде остварување на идеите за соработка на полето на младите и нивно учество во образовниот систем на Русија преку стипендии за додипломски и мастер студии, но и нивно учество на Светскиот фестивал за млади и студенти закажан за Октомври годинава.

20449011_1534552976566305_7898119528003029603_o

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e