Владата повеќе нема да се рекламира на приватните телевизии, радија, весници, поратали и на билборди, но не се повлекува од рекламирањето на јавниот радиодифузен сервис и на социјалните мрежи. Со овој потег, од Владата велат дека сакат да скратат на трошоците од буџетот за реклами, но пред се оваа одлука е дел од реформскиот план кој ги опфаќа и медиумите.
„Владата нема да се рекламира. На социјалните медиуми Владата ќе објавува исклучиво информации за услугите и сервисите наменети за граѓаните. Во Владата нема вработено твитерџии и нема да ангажира никаква пи-ар Агенција“, велат од Владата.
Според дел од новинарските здруженија, но и медиумски експертите, добро е што преку кратење на владиното рекламирање ќе се елиминира влијанието во медиумите, но сепак ги загрижува формулацијата на Владата дека преку јавниот сервис ќе ја информира јавноста.
„МТВ не е сервис на владата. МТВ е сервис на граѓаните, јавен сервис на граѓаните. Владата има обврска да биде транспарентна на само кон МТВ туку да биде отворена кон сите медиуми Владата не може сите информации да ги пренесува преку МТВ туку ќе биде отворена за медиумите, а независната уредувачка на МТВ ќе процени кои информации на владата ќе ги проследи до јавноста“, вели Насер Селмани – претседател на ЗНМ
„Она што е напишано како формулација таму дека само на МРТ ќе се пренесе комуникација јас го подразбирам дека се однесува само на кампањите од јавен интерес, односно вистинските кампањи, потребни од јавен интерес бидејќи се не е од јавен интерес и на МРТ ќе одат во умерен обем и бесплатно“, вели Снежана Трпевска, Висока школа за новинарство и за односи со јавноста.
Правилата за рекламирање се менуваат во пресрет на локалните избори. Владата веѓе го прекина рекламирањето на СИ-ЕН-ЕН.