Јовановски за УБ: Загадувањето и климатските промени мора посериозно да се сфатат

„Во светски рамки се бележи намалување на честичките кои беа штетни по природата. Индустријата, греење во домаќинствата, транспортот се едни од компоненетите кои влијаат на загадувањето. Вчера читав една студија во која се вели дека ПМ честичките влијаат на ширењето на Коронавирусот, така што треба и ова да се земе предвид“, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ извршниот директор на ГО Грин, Антонио Јовановски.

Климатските промени се тема која треба сериозно да се сфати.

„Периодов планиравме настани во средните училишта за поголемо користење на сончева енергија во образовните институции, како и справувањето со предизвиците од климатските промени. За жал оваа состојба нема тука да заврши, бидејќи климатските промени мора посериозно да се сфатат, да се прилагодиме на нив“, истакна Јовановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e