Јовановиќ: Протестите на ВМРО-ДПМНЕ се веќе видено сценарио

Сметам дека ВМРО-ДПМНЕ прави мобилизација со протестите бидејќи во овие моменти се преиспитува самиот Христијан Мицкоски и неговата позиција, вели политичкиот аналитичар Ненад Јовановиќ во „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.

Според Јовановиќ легитимна е идејата на покачување, но не треба да се заборави дека струјата се покачува и се намалува, но оваа не е курцијален проблем во државата.

-Зад протестите не се крие разнишувањето на власта на Зоран Заев, туку позицијата на Мицкоски е во прашање. Луѓето му бараат конгрес, ова е добра патерица за да се фати за нешто, неговите идеи се неафтентични на вчерашниот протест. Во политиката секој збор и одлука има последица токму тоа се случи и во опозицијата која е разнишана, и ќе направат се за да направат притисок. ВМРО нема реалани идеи за протести, тоа ова е веќе видено сценарио, вели Јовановиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e