Уставниот судија Владимир Јосифовски по денешното одложување за одлучувањето по Нацрт-решението за Законот за дополнување на Законот за помилување изјави дека за него е спорно судот да одлучува кого ќе амнестира.
– Законот за помилување предизвика многу внимание особено со прашањето дали со конкретната амнестија Судот да одлучува кого ќе помилува. Сметам дека со право се проблематизира тоа прашање. Собранието е единствен орган кој дава амнестија. Се поставува прашањето дали судот за одредени лица да дава амнестија, а за други не. За мене е спорно судот да одлучува кого ќе амнестира, изјави Јосифовски.
На предлог на судијата Осман Кадриу, Уставниот суд со мнозинство гласови одлучи да го одложи одлучувањето по Нацрт-решението за Законот за дополнување на Законот за помилување, за кој минатата недела поведе постапка.