Јавноста со поделени реакции по најавата за протест против полицискиот час

Под мотото „Стоп за полициски час, спас за нашето ментално здравје“ група луѓе за претстојната недела, 17. мај, најавуваат протест против полицискиот час пред Влада.

Протестот е планиран од 12 до 14. часот, се наведува во информациите за настанот креиран на социјалната мрежа Фејсбук.

Како организатори на протестот се јавуваат две млади девојки од Скопје – Емилија Богатинова и Мариго Исеини.
„Сите ние кои мислиме дека веке полицискиот час е неефективна мерка (додека преку цел ден имаме слободно движење, “ковид19 фаќа после 19ч”!), доколку сметаат дека карантинот треба да продолжи заради заштита на здравјето на граѓаните треба истовремено да создадат решение/план за финансиска поддршка за граѓаните (да не дозволиме економската криза да дојде до степен на криза за фундаменталните потреби на човекот)…“ – вели Богатинова за Ипортал.

Реакциите на јавноста по најавите за протест против полицискиот час се поделени. Повеќето се на став дека треба да се почитуваат мерките од Светската здравствена организација, епидемиолозите и надлежните кои секојдневно упатуваат препораки за спречување на ширење на заразата, наспроти слободната волја која може да биде закана за останатите граѓани, иронично коментирајки дека во случај „кој што сака да прави – да се затворат болниците, па кој како знае нека се лекува“.

Дел од јавноста го поддржуваат овој протест на кој планираат да го искажат својот револт од забраната за движење.

Останува да видиме дали, и покрај препораките на надлежните за избегнување на собири со цел спречување на ширењето на корона вирусот, овој протест ќе биде реализиран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e