Министерството за финансии ја објави состојбата на јавниот долг заклучно со 30.06.2017.
Државниот долг на 30.06.2017 година, изнесува 3.885,4 милиони евра, односно 38,0% од БДП. Споредено со претходниот квартал ова претставува намалување за 3,3 милиони евра, односно за 0,1 процентни поени.
Јавниот долг на 30.06.2017 година изнесува 4.708,3 милиони евра, односно 46,1% од БДП. Споредено со претходниот квартал ова претставува намалување за 31,4 милиони евра, односно за 0,3 процентни поени.
На намалувањето на долгот во вториот квартал влијаеше: отплатата на обврски по основ на обврзници за денационализација и отплатата на обврски по основ на главнина за надворешен долг.
Од друга страна спротивен ефект имаа: Зголемувањето на износот на државните хартии од вредност, како и повлекувањето на средства од претходно склучени кредитни аранжмани со странски кредитори.
Во наредниот период Министерството ќе продолжи со активното управување на јавниот долг. Притоа, Основната цел е непречено одвивање на планираните активности, финансирање на дефицитот и редовна отплата на постоечките обврски со најниски трошоци и најповолни услови на финансирање.
Извештајот можете да го погледнете на следниот линк.