Генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев вели дека состојбата во Македонија со пандемијата воошпшто не се подобрува како што сакаат да прикажат од СДСМ туку напротив се влошува.
– Првата вонредна состојба кога се прогласи имавме ако не се лажам просек на 6 заболени на ден , втората вонредна состојба кога се прогласи имавме негде околу 36 – 37 заболени на ден , третата вонредна состојба кога се прогласи имавме ако не се лажам некаде помалце од 30 заболени на ден . Последниве неколку дена бројките се движат околу 30. Може да ми кажате што е тоа што се движи на подобро во однос на здравствената состојба кога бројот на заболени во нашата држава не опаѓа туку напротив расте, потенцира Јанушев.
Додава дека логиката и бројките кажуваат дека властите не преземаат доволно мерки во однос на тоа да се намали бројот на заболени односно заразени.