Вие ми вршите класичен мобинг – рече специјалната обвинителка, Катица Јанева и ја напушти седницата на Советот на јавни обвинители. Расправата заврши кога таа си замина и им порача на членовите да не и го трошат времето со прашања кои не се поврзани со нејзиниот извештај. – објави 24 Вести.
Седницата започна во мирна атмосфера, а Јанева го изрази своето задоволство од начинот на кој комуницираат со Советот. Меѓутоа до пресврт дојде откако Деса Пауновска, член на Советот, инсистираше Јанева да одговори колку плата земаат вработените.
Јанева се повика на законот за СЈО, кој, како што вели и гарантира целосна автономија во раководењето.
Атмосферата се вжешти кога Зоран Сулејманов, член на Советот упати директни обвинувања на сметка на Јанева. Тој рече дека таа е непрофесионална, не си ги извршува своите обврски, не сака да одговара на прашањата што тој и ги поставува и ги ги исполнува условите Советот да побара нејзина смена.
Претходно, Јанева одговараше на прашања и на забелешки што и ги поставуваа другите членови. На расправата не присуствуваше јавниот обвинител Марко Зврлевски.
Обвинителката Јанева, извештајот го презентираше зад затворени врати. Иако седницата е од јавен карактер, на снимателите не им беше дозволено да ја снимаат расправата.
За поврзани вести продолжете надолу