Специјалната обвинителка Катица Јанева, која уште на први Април годинава поднесе иницијатива до Собранието за измена на Законот за заштита на сведоците, бара да се примени италијанскиот модел кој го користи тамошниот специјален јавен обвинител во антимафијашките истраги, дознава Сaкамдакажам од собраниски извори.
Според тој модел, специјалниот обвинител сам одлучува кој сведок ќе биде ставен под програма за заштита и никој друг од обвинителството не го знае името, презимето и останатите лични податоци на заштитениот сведок. Според нашите извори, Јанева во иницијативата до Собранието ја побарала само оваа измена. Таа побарала во случаите што ги води СЈО, само таа да одлучи кој од сведоците ќе го стави под заштита.
текстот во целост прочитајте го тука