Јанчев: На трибината на СДСМ присуствував како одговорен градоначалник на Кавадарци

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев изјави дека нема да премине во СДСМ, иако вчера беше присутен на партискиот собир во Кавадарци.

– Далеку од тоа дека преминувам во СДСМ. На трибината присуствував како одговорен градоначалник на Кавадарци, сакам да слушнам кој што има да понуди и да го извлечеме најдборото за граѓаните и општината, вели Јанчев за „Слободен печат“.

Тој вели и дека засега не планира формирање на нова партија, иако тоа неколку пати се шпекулираше.

Пред граѓаните во Кавадарци свои обраќања имаа потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, членот на ЦО на СДСМ, Трајан Димковски и вицепреиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e