ЈАКНЕЊЕ НА ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА СО ХРВАТСКА: Средба Николовски – Вучковиќ

На билателарната средба помеѓу министерката за земјоделство на Хрватска, Марија Вучковиќ и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски се разговараше за jакнење на трговската размена помеѓу двете пријателски земји и за македонските пристапни преговори во областите на земјоделството и руралниот развој.
336900676_1954943061530434_9152067504847939202_n
Министерката го сподели хрватското искуство по трансформација на „ЈП Хрватске шуме“ во државна компанија “Хрватске шуме ДОО“.
336897463_152985494041177_1443211904719392022_n
“Се договоривме во следниот период да формираме тим за соработка помеѓу Хрватски шуми и ЈП Национални шуми за споделување на искуство. Директорите на платежните агенции Никица Бачовски и Антун Вујиќ, разменија искуства за искористување на европските фондови кои ни се на располагање со цел да се реализираат нови инвестиции со средставата кои ги добиваме од фондовите на ЕУ. Хрватските колеги ни го пренесоа и искуството за мерка 7 – рурална јавна инфраструктура ИПАРД програмата која во моментов е во процес на акредитација. Хрватска е отворена да не поддржи на патот кон евроинтеграциите и да ни пружи експертска помош во областа на земјоделството.” – потенцира министерот Николовски.
336911507_594832682528773_6044712832634764886_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e