Извршена уште една успешна трансплантација на срце и бубрези од починат донор

Еден млад пациент доби срце, а кај двајца пациенти на дијализа веќе се трансплантираат бубрезите. Уште неколку пациенти во наредните денови ќе можат да добијат коскени ткива, објавија од Министерството за здравство.
Вчера во претпладневните часови едно храбро семејството одлучи да ги донира органите од својот близок кај кој била потврдена мозочна смрт.

По направените подготовки и координацијата помеѓу тимовите од интерните и хируршки клиники, доцна во ноќта започна експлантацијата, а веднаш потоа и трансплантацијата, најпрво на срцето, а утрово и на двата бубрега.
Со хумноста на семејството и одлуката да ги донираат органите, ова семејство подари живот на најмалку тројца пациенти, а на сите нас да ни донесе утро полно надеж.

И за тоа сме им бескрајно благодарни. Благодарност и до медицинските тимови од сите клиники вклучени во експлантацијата и трансплантацијата, кои изминатото деноноќие неуморно работеа и се уште работат- напиша во официјалната објава на фб министерот Сали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e