Вториот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство се наоѓа пред пратениците во Собранието.
Извештајот е објавен по точно една година откако Собранието едногласно го усвои Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и откако ја избра обвинителката Катица Јанева на чело на новоформираното обвинителство.
Извештајот се уште не е ставен на дневен ред на седница. Обвинителката Јанева најави дека во периодот од 19 до 30 септември е подготвена да го презентира извештајот пред пратениците и пред Советот на јавни обвинители, пред кои според Законот таа треба да ги доставува извештаите за работата.
Претседателот на Советот на јавни обвинители, Аневски, за Академик потврди дека извештајот на СЈО е пристигнат и во Советот. Тој вели дека по консултација со членовите, извештајот ќе биде ставен на дневен ред на седница, а на неа ќе биде поканета и специјалната јавна обвинителка Јанева.
За поврзани вести продолжете надолу