Изречени 48 санкции за недавање првенство на минување на крстосница

Министерството за внатрешни работи денеска од 07 до 11 часот спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не даваат првенство на минување на крстосница, при што санкционирани се 48 возачи.

Како што соопшти МВР, засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e