Државната изборна комисија попладнево на прес конференција посочи дека излезеноста до 15 часот e 30,26 проценти, односно вкупно гласале 208.571 граѓани.
За градоначалник на Град Скопје, пак, излезеноста е 29,94 отсто, односно гласале 104.182 гласачи.
Во првиот круг од изборите бројката изнесуваше 31,16 отсто, а вкупно гласале 365.977 граѓани.
