„Изиџет“ од јули ќе лета директно од Скопје до Бодрум

Нискобуџетната авиокомпанија „Изиџет“ (EasyJet) од следната година воведува нова сезонска авиолинија која директно ќе ги поврзува Скопје и Бодрум, пренесува авијацискиот портал „Екс ју авиејшн“.

Летовите на релација Скопје – Бодрум ќе започнат од 2 јули и ќе се реализираат еднаш неделно, секој четврток.

„Изиџет“ истовремено воведува сезонски лет и до Сараево, кој ќе стартува од 28 јуни, со реализација секоја недела.

Инаку, ова не е првпат „Изиџет“ да ги опслужува овие дестинации. Авиокомпанијата во минатото, заедно со „Анадолуџет“, веќе имала летови до Скопје (од 2022 до 2024 година) и до Сараево (од 2021 до 2024 година).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e