Според професорката Катерина Колозова претстојните избори нема да направат некоја драстична реформа.
-Не мислам дека изборите драматично менуваат нешто внатре. Повеќе тоа е од аспект на перцепцијата надвор, во Европа каде се креира став дека со овие избори се случува некаква криза, драма по француското „не“, дека ќе се плаќа цената. Има загриженост во Грција дека може да дојде до непочитување на Преспанскиот договор доколк удојде до промена на власта. – појасни вечерва Колозова во „Топ тема“ на Телма ТВ.
Таа порача дека француската блокада се должи повеќе на геостратегијата, на поголеми политички наративи, посуштински политички односи кои се одвиваат внатре во земјите на ЕУ, автентичен судир на визии околу проширувањето, а не е казна за недоволно успешно спроведените реформи. – рече Колозова.
-Преку глава ни е од вонредни избори, ќе станеме рекордери. Прашање е колку е легитимно да се оди на избори. Требаше акцентот на опозицијата да биде да се отвори суштинска дебата во парламенот и како заеднички да изградиме еден став кој ќе помогне во надворешната политика на стратешките цели на нашата земја. – рече вечерва во „Топ тема“ на Телма ТВ Огнен Малески, екс амбасадор.
– Практично изборите се договорена работа. Повеќе е калкулација на партии, структури кои во одреден момент ќе им помогне да се надминат. Многу е важно како понатаму. Мораме да станеме свесни дека ЕУ е заситена наспроти почетоците, и јавноста како да е заситена од проширувањето. – рече професорот Мерсел Билјали.