ИВЗ нема да ги откаже молитвите за празникот и е против зголемување на полицискиот час

Исламската верска заедница вечерва го објави писмото што го испратила до Владата на 18 мај.

Во него стои напишано дека ИВЗ е против прогласување на полицискиот час, и воедно потенцираат дека нема да ја откажат молитвата за Фитер Бајрам.

Големиот муслимански празник е во понеделник, а владата одлучи овој продолжен викенд граѓаните да го поминат во карантин кој ќе започне во сабота во 19 часот, а ќе трае до втоник до 05 часот.

Објавувањетона писмото доаѓа откако денеска министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека Комисијата за заразни болести предлага за претстојниот продолжен викенд кога покрај Рамазан бајрам, се празнува и Св. Кирил и Методиј, полицискиот час да започне во сабота во 19 часот и да заврши во вторник во 5 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e