Новинарката Ивона Талевска не е веќе во импресумот на дневниот весник „Вечер“, каде повеќе години беше главен и одговорен уредник, пренесе Либертас.
На нејзиното место сега е Весна Миќиќ Божиновска, а нејзина заменичка е Елизабета Арсоска. Талевска воопшто ја нема во импресумот на весникот, така што не е познато дали се уште работи во весникот.
Талевска е обвинета за даночно затајување во случајот „Тифани“, и остана без пасош откако и Апелациониот суд ја одби нејзината жалба на одлуката на Кривичниот суд.