Претседателот Ѓорге Иванов, утре и задутре ќе престојува во работна посета на Република Полска, каде што ќе учествува на 27. Економски форум во Крињица-Здруј на кој што тема годинава ќе биде „Проект Европа-кој е рецептот за следната деценија?“.
Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, ќе се обрати на официјалната сесија на отворањето на Економскиот форум, на тема „Незавршена интеграција-аспирации на европските земји“, на која ќе говорат и претседателите на Полска и на Грузија, Анджеј Дуда и Гиорги Маргвелашвили.
Иванов, предвидено е да има билатерална средба со полскиот претседател Дуда, а задутре ќе се обрати на 12. Економскиот форум на млади лидери во Нови Сач.
На Економскиот форум кој оваа година се одржува по 27. пат ќе присуствуваат над 3.000 учесници од повеќе од шеесетина земји од Европа и светот.