Претседателот Ѓоргe Иванов вчера вечерта, во рамки на законскиот рок, но во последен момент го потпиша ребалансот на буџетот, потврдуваат од Кабинетот на претседателот.
Ребалансот на буџетот беше изгласан од Собранието на Република Македонија пред седум дена.
По потпишувањето, ребалансот на буџетот е пратен во собраниските служби, по што следува објавувањето во „Службен весник“ и стапување во сила.