Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ја сподели убавата вест дека Северна Македонија е 22 земја во светот по производство на вино.

“Ова се резултати на кои сите заедно треба да се гордееме. Мерките и политиките кои ги креираме вродуваат со плод. Испишавме историја со регистрирани над 200 мали семејни винарии. За уште поголеми резултати, подготвивме и нов Закон за вино, и 10 годишна стратегија за виното по сектори. Трета година по ред бележиме зголемување кај извозот на флашираното вино. Од 2017 година до денес за поддршка на винариите за учество на меѓународни саеми, како министерство сме издвоиле повеќе од 1 милион евра.
Нашата единствена цел е да бидеме како земја уште подобро запознаени и високо позиционирани на светската винска карта. Тоа и ќе го оствариме!”- посочи Николовски.
Линк до изворот: https://www.visualcapitalist.com/…/biggest-wine…/