Исплатени се 94,2 милиони денари кон 1.510 јаболкопроизводители за произведени и предадени јаболка во периодот од 16 декември 2021 до 30 јуни 2022 година, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
-Со денешната исплата ја заокружуваме финансиската поддршка во јаболкопроизводството преку исплата на дополнителни 3 денари за килограм предадено јаболко. Заедно со исплатата преку Ковид програмата која го опфати предаденото јаболко од 15 септември 2021 до 15 декември 2021 година по основ на дополнителни директни плаќања од 3 денари по килограм е исплатена поддршка од над 270 милиони денари, порача министерот Николовски.