Ишингер ја критикуваше одлуката на ЕУ да не се отворат пристапни преговори со С. Македонија и Албанија

Претседателот на Минхенската конференција за безбедност и германски дипломат со долгогодишно искуство, Волфганг Ишингер ја критикуваше неодамнешната одлука на ЕУ да не отвори пристапни преговори со С. Македонија и Албанија нарекувајќи ја „катастрофа“.

„Политичките трошоци на оваа одлука веќе се очигледни – С. Македонија се соочува со политичка криза и можна долгорочна дестабилизација. Останатите држави на Западниот Балкан ќе заклучат: Не можеме да се потпреме на ЕУ, па дури и ако се вклучиме во тешки реформи, ќе останеме второкласни Европејци“, изјави Ишингер за Политико.

Тој смета дека празнината која ЕУ на тој начин ја отвори нема да остане неисполнета и дека „подготвено ќе ја исполнат Русија, Кина, а посебно Турција“.

„Многу малку веројатно е дека тоа ќе послужи на целта за демократија, мир и стабилност во непосредното соседство на ЕУ“, вели германскиот дипломат.

Тој како најголема пречка на патот кон траен евроатлански безбедносен поредок ја наведе „тмурната состојба на односите со Русија“.

„Штета што визијата на „заеднички европски дом“, која ја изрази поранешниот советски претседател Михаил Горбачов, никогаш не се оствари – дом за сите, вклучувајќи ја и Русија. Сосем спротивно: Со руската анексија на Крим и нејзината интервенција во источна Украина, оваа перспектива уште повеќе се намали“, смета Ишингер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e